Прославен патрониот празник во Сарај

Прославен патрониот празник во Сарај

На 8 ноември 2017 година, со света Литургија која ја предовдеше о. Ѓорги Појразов парох во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци, во сослужение на повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат, беше прославен патрониот празник на црквата „Свети Димитриј и Падре Пио“ во Сарај.

Отец Ѓорги Појразов одржа и пригодна проповед во која истакна дека секој христијанин човек има голема можност на еден таков голем христијански празник да ја обнови и живее верата во Христа, која му е дадена на секој од Бога како дар, вера која е сотворена со маченичка крв.

На крајот од светата Литургија парохот о. Ѓорги Појразов се заблагодари на Господ Бог, а потоа изрази благодарност и до браќата свештеници за нивното присуство со кое ја збогатија прославата на небесниот заштитник на црквата во Сарај. Покрај верниците од Сарај, на светата Литургија присуствуваа и сестрите Евхаристинки и верници од блиските парохии.

По повод патрониот празник верниците од Сарај подготвија и заедничко агапе во црковниот двор.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот