Со света архиерејска Литургија предводена од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов во среда 12 јули во црквата Свети Петар и Павле во Гевгелија е прославен патрониот празник.
Во проповедта епископот Стојанов ги охрабри верниците со животот и делата на свети Петар, а посебно со животот на светиот апостол Павле, а воедно им се заблагодари на сите добротвори кои помогнаа во обновувањето на црквата.
На светата Литургија присуствуваа голем број деца, кои на крајот од светата Литургија беа благословени од бискупот Стојанов.
к.мк/о.Д.Т.