Прославен паторниот празник во Богданци, каде што беа изложени моштите на Свети Кирил Солунски

Прославен паторниот празник во Богданци, каде што беа изложени моштите на Свети Кирил Солунски

На празникот на Светите браќа Кирил и Методиј, 24 мај 2024 година се служеше свечена Света Литургија по повод патрониот празник на парохијата во Богданци и десет години откако епископот Стојанов прв пат ги изложи моштите на Свети Кирил во Македонија. Светата Литургија ја предводеше отец Тома Ангелов во сослужение на отец Тони Ангелов – парох во Штип, патер Томислав Рукавина – капелан во Скопје и отец Атанас Сирачев – капелан во Радово. Покрај верниот народ, присусвуваа и сестрите Евхаристинки од Гевгелија и Скопје.

За време на светата Литургија беа изложени моштите на Свети Кирил, а по завршувањето на евхаристиското славење, верниците имаа можност да се поколнат пред нив и да ги упатат своите молитвени потреби под застапништво на Свети Кирил.

На Литургијата пригодна проповед одржа отец Атанас Сирачев, кој се осврна на денешните светители.

На крајот парохот Тома Ангелов ги пренесе на верниците поздравите и честитките од епископот Стојанов, воедно благодарејќи му што овозможи моштите на Свети Кирил, по десет години повторно да бидат изложени во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Богднаци.

По свеченоста во црквата следуваше заедништво и агапе во дворот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот