Проповед на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во Паљурци за време на Молебенот на празникот свети апостоли Петар и Павле
Драги браќа и сестри во Духот ја пратевме Марија на нејзиниот восхитен пат до нејзината роднина Елисавета. Марија во чие крило Словото стана Тело како Богоносителка заминува во еврејското Горје да ја зарадува својата роднина со најголемиот дар што таа сега го поседува, а тоа е живиот Бог во неа. Таа средба на двете жени е средба и на двајца синови. Од радост за доаѓањето на ГОЛЕМИОТ ГОСТ – ИСУС, Иван заигра во крилото на Елисавета, бидејќи таа посета го обдари со Светиот Дух. Така Иван се поклони на Исус, и двајцата во кивотот на своите Мајки. Оваа посета е пример за секоја евангелизација зашто не е само говор за Бога, туку донесување на Бога во пресрет на друга личност.
Денес многу се говори и често се слуша поимот „нова евангелизација“. Самите себе понекогаш се лажеме мислејќи дека сфаќаме што тоа значи нова евангелизација. Зарем не сме верници со векови – да, браќа и сестри, сме. Но темата за новата евангелизација има едно важно прашање: ДАЛИ СМЕ ДОВОЛНО АВТЕНТИЧНИ ХРИСТИЈАНИ ДА ЛУЃЕТО ОД НАШЕТО ВРЕМЕ ЗАРАДИ НАШЕТО СВЕДОЧЕЊЕ МУ ПОВЕРУВАЛЕ НА ХРИСТОС. Всушност, прашање е: колку ние во нашиот живот или подобро кажано со начинот на нашиот живот го носиме и сведочиме Христос. Со доаѓањето на Марија која го донесе Христос во себе воскликнува Елисавета. Благослеовена си Ти меѓу жените, од каде Мајката на мојот Господ доаѓа кај мене.
Браќа и сестри, овде сме на денот на светите апостолски прваци Петар и Павле. Не можам да се ослободам оваа вечер од впечатокот дека ова место е со посебен провидоносен дар за нас верниците од Апостолскиот егзрхат во Македонија. Зошто? Верувам во традицијата дека свети апостол Павле беше овде. Павле е занесен во Христос. Тој е запален во Неговата љубов и запишува: Не живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене. Таа искуствена вистина, присутноста Христова во неговиот живот му овозможи на тој великан на христијанството – апостолот на народите – да отиде во светот и да го понесе Христос во било кој крај или град каде што доаѓа. Тој, Павле не дека само навестува, туку пред сѐ ја сведочи Христовата присутност во себе. Тоа е браќа и сестра темелна мисла на новата евангелизација. Ние христијаните во оваа време треба темелно да испитаме колку нашата вера е само предана, не дај Боже само обичај. Туку колку нашата вера е стварно живот и норма според која се однесуваме, така да луѓето, гледајќи го нашиот живот сами да бидат збогатени со сознанието на Исус Христос, бидејќи го доживеале во нашето сведочење.
Знаме дека тоа е претешка задача за сите нас, но тоа е единствен пат да напредува христијанството во нашиот народ. Незаобиколна должност на оваа генерација е Христос стварно да го предаде на новата генерација. Затоа сме собрани вечерва на оваа место молитвата да нѐ соедини, оспособи и зацврсти да одговориме на оваа наше не лесно време. Нека заговорот на Мајка Божја првиот евангелизатор и свети Петар и Павле ни помогнат на тој пат.
Овој ден и овој миг вечерва нѐ поттикнуваат на уште посилна и жарка молитва, а тоа е: нашата искрена желба на оваа место повторно да заживее верата на нашите татковци со оној жар како што беше пред сто години кога овде живееше живата Црква. Сите планови за оживување на оваа светлилиште ги препорачуваме на Мајка Божја и свети апостол Павле. Амин.