Продолжува рехабилитацијата на папата Фрањо

Продолжува рехабилитацијата на папата Фрањо

Папата Фрањо го продолжува планираниот постоперативен третман и рехабилитација. Мислите на Папата се упатени на болните и оние кои живеат во тешки услови.

„Светиот Отец продолжува со планираното лекување и рехабилитација, што ќе му овозможи што побрзо да се врати во Ватикан. Ова го изјави директорот на прес-центарот на Светиот Престол Матео Бруни.

„Меѓу многуте пациенти што ги сретна овие денови тој посебно мисли на оние кои не можат да се вратат дома: ова време нека го живеат како можност, па дури и да е со многу болки, за да се отворат за нежност кон болниот брат или сестра на соседниот кревет, со кого споделуваме една иста човечка немоќ“.

Ватикан сè уште не објави датум кога Папата ќе биде отпуштен од клиниката Џемели во Рим.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот