Правниот пораз минатата ноќ поттикна бројни верници во целиот свет да бидат уште повеќе мобилни. Во четврток 26 април вечерта со почеток во 22.17 часот на плоштадот Свети Петар се одржа молитвено бдение. Ова е точното време кога во понеделник вечерта беа исклучени апаратите на Алфи. Организаторот најави дека најмалку наредните седум дена секогаш во 22.17 часот на плоштадот Свети Петар ќе се одржува молтвено бдение. Исто така и во Америка, Полска и многу други земји се планирани молитвени бденија за Алфи.
Во четврток вечерта виенскиот кардинал Христоф Шенборн на својот твитер профил објави: Судбината на малиот Алфи нѐ погодува сите. Молам за Алфи и неговото семејство. Секој живот е голем, па дури и најмалиот и најзагрозениот.“
Таткото на тешко болното дете Алфи, Том Еванс, побара од Папата лична интервенција во име на неговиот син: „Ве молам, дојдете и видете што се случува овде и видете како нашето дете е заложник на оваа болничка клиника Тоа е неправда”, изјави Еванс во четвртокот во Ливерпул за италијанската католичка телевизија ТВ2000.