Секој вторник и среда, жените од парохијата „Свети Пророк Илија“ – Радово, одржуваат средби на кои негуваат молитвено заедништво, разговараат за верата, споделуваат искуства и се дружат.
Групата, која ја сочинува помлада генерација на жени, средбите ги одржуваат во вторник и е водена од сестра Ана Тантушева – Eвхаристинка. На последнииот циклус средби зборуваа на тема: „Жената тивка молителка во семејството” користејќи примери на жени светици.
Сестра Мартина Стојкова – Евхаристинка ја предводи втората група со повозрасни жени и секоја среда разговараат, размислуваат за делови од Светото Писмо, споделуваат примери од секојдневието и се дружат.
На последната средба, како подарок, учесничките добија издание на Новиот Завет во спомен на Јубилејната година, со поттик секојдневно да се чита и размислува над библиските текстови.
Во рамките на овие средби повремено се организираат и ходочестија. И оваа година, интересот за ваков вид веронаучни средби се зголемува, а средбите започнуваат во 19.00 часот и се добредојдени сите жени од парохијата.
к.мк

