Проверете зошто ние сме поинакви?
Можеби сте се запрашале зошто е одбран токму еден таков слоган. И како редакција, која е одговорна и се однесува со почит кон сите луѓе, а посебно кон своите читатели сме должни да дадеме образложение.
Најпрво слоганот „Ние сме поинакви“ се однесува на самата редакција и нејзиниот начин на работа, а не за одредена верска припадност. Доколку верно нѐ следевте во изминатиот период ќе можевте преку нашите објавени статии да забележите и самите да заклучите дека навистина сме поинакви.
Секако дека ова долу наведеното, можеби не е карактеристично само за Католици.мк, без соменение го поседуваат и некои други медуми, но ние во нашата работа сакаме да го истакнеме токму поинаквиот начин на работа, која се разликува, која е поинаква, можеби не од сите, но од многумина.
-Католици.мк ги дава информациите од поинаков агол, од агол на верата и Црквата. Затоа сме поинакви.
Католици.мк пренесува вести од црковни извори и при тоа не ги коментира. Затоа сме поинакви.
-Католици.мк секогаш се застапува за Евангелието, Традицијата и Научителството на Црквата да бидат правилно интерперетирани во јавноста. Затоа сме поинакви.
Католици.мк се става во одбрана на животот, семејството, бракот. Затоа сме поинакви.
Католици.мк во никој нема вперено со прст. Затоа сме поинакви.
Католици.мк во ниту една вест не шпекулира. Затоа сме поинакви.
Католици.мк во своите статии нема никој осудено. Затоа сме поинакви.
Католици.мк во своите статии нема никој нападнато. Затоа сме поинакви.
Католици.мк во своите статии нема никој навредено. Затоа сме поинакви.
Католици.мк е непрофитна интернет страница. Затоа сме поинакви.
Во Католици.мк сите соработници се волонтери. Затоа сме поинакви.
А во суштина секој христијанин треба да се разликува во својот начин на живот од оној кој не верува во Христос. Ако не се разликуваме, ако не сме поинакви како христијани, тогаш сме сол која не осолува, светло кое не свети. Затоа и треба да бидеме поинакви. Како што вели светиот Павле да се натпреваруваме во доброто.
Па да се натпреваруваме во доброто и да бидеме поинакви. Ете затоа Католици. мк за себе вели: Ние сме поинакви.
Со почит,
о. Гоце Костов