Претседателот Иванов оствари средба со надбискупот Галагер, секретар за односи со државите на Светиот Престол
Во рамки на учеството на 73. Генералното Собрание на ОН, македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 25 септември 2018 година одржа билатерална средба надбискуп Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите на Светиот Престол.
На средбата со надбискупот Галагер беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол и беше изразено задоволството од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.
Двајцата соговорници разменија мислења за тековните иницијативи во насока на продлабочување на меѓусебната соработка.
Надбискупот Галагер го поздрави фактот дека, иако католичката заедница во Република Македонија е бројно мала, сепак е високо почитувана, оценувајќи го како потврда за македонскиот модел на меѓурелигиски соживот.
Истакнувајќи дека Република Македонија има длабока традиција на почитување на различните верски чувства, претседателот Иванов ја истакна конструктивната улога на Католичката црква како важен столб на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот.
Претседателот Иванов изрази надеж дека Папата Фрањо ќе ја прифати отворената поканата за посета на Република Македонија, што би било од огромно значење за унапредувањето на билатералните односи, за католичката заедница во Република Македонија и воопшто за сите христијански верници.
Извор: претседател.мк/к.мк