Колкава вознемиреност доживуваат децата кога гледаат како се караат родителите
Задачата која денес ја примате е пренесување на верата на своите деца – ги поттикна папата Фрањо родителите на 27 новородени деца, кои ги крсти на 14 јануари 2019 година на светата Миса во Сикстинската капела во Ватикан.
Во проповедта Светиот Отец се концентрираше на пренесувањето на верата на децата, истакнувајќи дека при тоа помага кога нема да се караат пред децата, затоа што тоа ги вознемирува. Токму на празникот Крштение Господово кога завршува божиќното време, Папата по обичај ја поделува светата Тајна Крштение. Денес за своите деца од Црквата барате вера и тие ќе го примат дарот на верата, Светиот Дух, но затоа верата потоа мора да расте – рече Светиот Отец и објасни: Кога ќе одат на веронаука, ќе учат за верата и ќе ги научат вистините на верата. Но пред да почнат да ја учат верата мора да биде пренесена, а тоа е ваша работа. Тоа е задачата која денес ја примате: да ја пренесувате верата, да ја предадете верата. Тоа се прави дома, затоа што верата секогаш мора да се пренесува на дијалект, односно со дијалектот на семејството, дијалектот на куќата и во домашна атмосфера.
Важно е да се пренесува верата со својот живот со вера – рече Папата и додаде: Децата да ја видат љубовта на родителите, мир во куќата, да почувствуваат дека Господ е присутен. Се осудувам да дадам совет, извинете, но ви го советувам следното: никогаш не се карајте пред децата. Нормално е сопружниците да се караат. Би било чудно ако тоа го нема. Правете го тоа, но така што тие нема ниту да видат, ниту пак да слушнат. Не знаете колку многу децата се вознемируваат кога ги гледаат како родителите се караат. Можеби плачат затоа што им е премногу топло, или затоа што се гладни, или за да спречат нешто. Имено, не знаат што ќе се случи, затоа плачот им служи како одбрана.
Се осудувам да кажам, тоа е советот кој ќе ви помогне да ја пренесувате верата – рече Папата и запраша: Дали е лошо ако се карате? Не, не секогаш. Нормално е, но на начин децата тоа да не го видат и да не го слушаат заради вознемиреноста која се создава во нив. После тоа препорача на родителите да ги нахранат децата ако се гладни.
Направете така за да им биде пријатно. Внимавајте да не ги прекривате премногу, ако плачат затоа што се гладни, нахранете ги. На мајките им велам: Дојте ги децата, бидете мирни, Господ тоа го сака. Тие имаат и полифониско звање. Кога ќе започне да плаче едно, на другата страна започнува другото, следува третото и започнува хорско плачење. Така одиме понатаму со овој обред во мир, свесни дека вашата задача е да ја пренесете верата – истакна Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк