Прва Света Причест во Сарај

Прва Света Причест во Сарај

На 26 мај 2024 година, во Неделата на раслабениот во парохиската црква „Свети Великомаченик Димитриј“ – Сарај, Прва Света Причест примија тројца првопричесници. По соодветна духовна подготовка под водство парохот Вачно Назов и на сестрите Евхаристинки го примија Господ Исус Христос во Светата Причест, обновајќи го својот крштелен завет. На Литургијата присуствуваа верници од парохијата, како и роднини и пријатели на првопричесниците.

Во пригодната проповед месниот парох о. Ванчо Назов ја потенцираше важноста на Светата Причест во животот на секој христијанин, а на крајот од Литургијата се заблагодари на Господ Бог за овој радосен настан, како и на родителите и сите оние кои ги подржуваат децата на нивниот христијански пат.

На крајот првопричесниците добија и пригодни подароци во знак на сеќавање на овој убав настан. Заедничкото дружење продолжи во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот