На Тодорова сабота, 12 март 2022 година во парохиската црква „Свети Великомаченик Димитриј“ – Сарај, Прва Света Причест прими Тодор Арабаџиев. Тој денес, на неговиот именден, а по соодветна духовна подготовка под водство на својот парох го прими Господ Исус Христос во Светата Причест, обновајќи го својот крстен завет. На Литургијата присуствуваа повеќе верници од парохијата, како и роднини и пријатели на првопричесникот. Ова е првиот првопричесник во парохијата од нејзиното основање во 2018 година.
Во проповедта месниот парох о. Ванчо Назов ја потенцираше важноста на Светата Причест, а на крајот од Литургијата се заблагодари на Господ Бог за овој радосен настан, како и на родителите и сите оние кои ги подржуваат децата на нивнот христијански пат.
На крајот првопричесникот ја доби книгата „Благородното дело на отец Јосиф Алоати и на сестра Еврозија Алоати“ заедно со пригодна икона, како подарок по повод примањето на Светата Причест. Заедничкото дружење продолжи во парохиската сала.
к.мк