На деветтата недела по Педесетница, 10 август 2025 година, во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци, протојереј ставрофор отец Тома Ангелов служеше света Литургија на која осум деца од парохијата примија Прва Света Причест. На светата Литургија покрај верниот народ присуствуваа и роднини и пријатели на првопричесниците.
За овој свечен момент децата беа подготвени на часовите по веронаука, кои отец Тома Ангелов ги одржуваше за време на летниот период. Пред примањето на светата Причест ја примија и светата Тајна Исповед.
Во проповедта парохот зборуваше за важноста на светата Тајна Причест за христијанскиот живот, а исто така се заблагодари на родителите и децата за нивната ангажираност и подготвеност децата да ги воспитуваат во верата Христова, ветување кое е дадено на крштението на нивните деца. Пред причеста децата ги обновија крштелните ветувања.
Свеченоста заврши со заедништво и дружење.
к.мк