Во недела 23 јуни 2019 година на празникот Сите Светии во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Струмичко – скопски епарх и Скопски бискуп служеше свечена архиерејска Литургија во сослужение на парохот о. Горге Појразов.
За време на проповедта Епископот Стојанов истакна дека има една љубов која нѐ издигнува, а тоа е љубовта кон Бога и дека без Божјиот благослов ништо не можеме да направиме.
Ова година три деца од парохијата примија Прва Света Причест, а причеста децата првопричесници со запалени свеќи во рацете ги обновија своите Крштелни завети.
На крајот од светата Литургија првопричесниците добија спомен од Првата Света Причест, а потоа парохот о. Горге Појразов упати благодарност до Епископот Стојанов за Неговото присуство, родителите и до првопричесниците.
Свеченоста заврши во парохиската сала со заедничко агапе за чија организација се погрижија родителите на првопричесниците.
к.мк