Празен плоштад и пастирот обединет со светот

Празен плоштад и пастирот обединет со светот

Поминаа пет години од Statio Orbis на папата Фрањо, момент на молитва во времето на пандемијата. Во оваа прилика ви го пренесуваме размислувањето на главниот уредник на ватиканските медиуми.

Андреа Торниели

Поминаа пет години откако папата Фрањо сам влезе во просторот пред базиликата „Свети Петар“. Таа вечер врнеше дожд. Плоштадот беше драматично празен, иако милиони луѓе ширум светот беа поврзани со него, преку нивните телевизиски екрани, сè уште затворени во долгиот карантин на lockdown, исплашени од невидливиот вирус кој однесе толку многу жртви од одделенијата за интензивна нега во болниците, без роднините да можат да ги посетат, да се збогуваат со нив или да организираат погреб.

Со тој гест, таа молитва и секојдневната света Миса од капелата на Домот Света Марта, Петровиот наследник се направи близок до сите. Тој опфати во прегратка сè на празниот плоштад, во благословот со Пресветата Евхаристија, во едноставниот гест на бакнување на распетието кое како да плаче затоа што беше изложено на временските непогоди на рана пролетна вечер. „Бев во контакт со луѓе. Во ниту еден момент не бев сам…“, рече Папата по некое време. Сам, но не и осамен. Во молитвата за изгубен свет. Тоа беше моќна, незаборавна слика што го одбележа неговиот понтификат.

Во таа прилика, папата Фрањо му се обрати на Бога со овие зборови: „Ти нѐ повикуваш да го сфатиме ова време на искушение како време на избор. Не е време на твој суд, туку на наш суд: време да избереме што е важно а што минливо, да го одвоиме потребното од она што не е. Време е да го насочиме текот на нашите животи повторно кон Тебе, Господи, и кон другите“. По неколку месеци, тој повтори дека од криза никогаш не се излегува непроменети. Излегуваме подобри или полоши.

Пет години подоцна, гледајќи наоколу, не можеме да кажеме дека излеговме подобри, во свет потресен од насилството на воените лидери, кои размислуваат за повторно вооружување наместо да се борат против гладот.

Веќе не сме во карантин, ситуацијата сега е обратна: плоштадот е полн со луѓе кои го слават Јубилејот, но римскиот епископ сега не е таму, се моли за нас и за мир во својата соба во Домот Света Марта, каде се опоравува од тешка пневмонија. Но, тоа единство не е нарушено, а зборовите на Папата од тоа време се поактуелни од кога било: денес, а особено денес, е време да се избере што е важно, а што минливо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот