По повод празникот Курбан бајрам епископот Стојанов упати честитка до Реус-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху

Скопскиот бискуп и Струмичко скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до Реус-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху и до сите верници од исламска вероисповед во земјата.
„По повод празникот Курбан бајрам, во годината во која сме соочени со големиот немилосрден и невидлив непријател Коронавирусот – Ковид 19, примете ги моите искрени честитки и честитките од духовенството и верниците на Католичката црква во Македонија“ – пишува епископот Стојанов.
Во честитката упатена до Реус-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху, неговите соработници и верниците им посакува изобилство радост, мир, љубов и заедништво. „Според обврската и обичаите споделувањето на жртвата нека поттикне кај луѓето уште поголемо чувство за потребата на ближниот, но и љубов, почит и внимание – стои во честитката на епископот Стојанов.
к.мк