Важно е да се сеќавате на своето потекло и тоа мора да го следи животот на апостолот и на секој христијанин.
Сеќавајте се на својот повик – поттикна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија, во домот Марта, на 21 септември 2018 година, осврнувајќи се празникот свети Матеј и на темата повик. Матеј цариник, бил корумпиран затоа што заради пари ја издава својата земја. Да се биде предавник на својот народ, таа е најлошата работа – рече Папата – Некој би можел да помисли Исус не знаел да ги избира луѓето, затоа што освен Матеј избрал многу други земајќи ги од омразените и отфрлените: како на пример Самарјанката и многу други грешници кои ги направил апостоли.
Во животот на Црквата многу христијани и многу светци се избрани од најниските слоеви на општеството – рече Светиот Отец и истакна: За тоа ние христијаните треба да бидеме свесни. Трајно мора да ни остане во свеста, за цел живот од каде сме избрани за да бидеме христијани. Мораме да се сеќаваме на своите гревови, и дека Господ бил милосрден кон нас грешниците и нѐ избрал да бидеме христијани и апостоли.
Опишувајќи го одговорот на Матеј на Господовиот повик, папата Фрањо рече дека после повикот повеќе не се облекувал раскошно, не започнува да се фали пред другите: јас сум главниот меѓу апостолите, јас заповедам. Не! Цел живот работел за Евангелието. Кога апостолот ќе заборави на своето потекло и започнува да гради кариера, се одалечува од Господ и станува службеник кој прави многу добра, но не е апостол. Не е способен да го навестува Исуса; станува градител на пасторални планови и на многу други работи, но на крајот, тој е бизнисмен и претприемач на Царството Божјо затоа што заборавил од каде бил избран.
Затоа е важно сеќавањето на своето потекло и тоа мора да го следи животот на апостолот и на секој христијанин – рече Папата и напомена: Наместо да гледаме на себе, ги гледаме другите и нивните гревови и ги озборуваме. Тоа е навика која нѐ прави болни. Подобро да се обвиниме себе, да се сетиме од каде Господ нѐ избрал и нѐ доведува до тука. Кога Господ избира тоа го прави заради нешто големо. Да се биде христијанин е голема и убава работа. Ние сме тие кои се одалечуваме и сакаме да останеме на половина пат. Ни недостасува великодушност и преговараме со Господ, но Он нѐ чека.
Откако бил повикан да го следи Исус, Матеј се откажал од својата љубов и од парите – рече Светиот Отец и продолжи: Ги повикал пријателите на ручек, во чест на Учителот. Така на неговата трпеза седеле најлошите од лошите во општеството во тоа време, а Исус бил со нив. Фарисеите се соблазниле. Ги повикале ученици и им рекле: Зошто вашиот Учител јаде со тие луѓе? Така станува нечист! Да се јаде со нечистите онечистува и вие не сте чисти.
На тоа Исус рекол: „Одете и научете се што значи: „Милост сакам, а не жртва“ – цитираше папата Фрањо и нагласи: Божјото милосрдие ги бара сите луѓе, им простува на сите. Бара од вас само да кажете: Да, помогнете ми! Само тоа! А на оние кои се соблазниле Исус им одговара дека на здравите им треба лекар, туку на болните. „Милост сакам, а не жртва.“ Таинство е да се разбере милоста Господова, а најголемото и најубавото таинство е таинството на Божјото срце. Ако сакате навистина да дојдете во Божјото срце, одете по патот на милосрдието и дозволете Бог кон вас да постапува милосрдно – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк