Папата Фрањо добро спиел и се одмара, се вели во саботното утринско соопштение од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во саботата наутро, 1 март 2025 година соопшти дека папата Фрањо добро спиел и првиот дел од утрото го поминал одморајќи се.
„По мирна ноќ, папата се одмара“, се вели во краткото соопштение од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Во претходното соопштение, објавено во петокот вечерта, беше забележано дека респираторната состојба на папата Фрањо се влошила по изолиран бронхоспазам. Веднаш е започнато со неинвазивна механичка вентилација, на што тој добро одговори.
Благодарение на неинвазивната механичка вентилација, се наведува дека вредностите на размена на гас се вратиле на нивоа слични на оние пред нападот. Сепак, потребни се околу 24 до 48 часа за да може да се процени клиничката состојба на Папата по изолираниот бронхоспазам.
Папата продолжува да се лекува во болницата Гемели во Рим. Беше примен во петокот, 14 февруари, по инфекција на респираторниот тракт.
Ватикан њуз/к.мк