Почина Наваро Валс гласноговорникот на папата Војтила

Почина Наваро Валс гласноговорникот на папата Војтила

На 5 јули 2017 година, на возраст од 80 години, почина поранешниот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, шпанецот Јоакин Наваро Валс. Лекарот кој стана гласноговорник тогаш понизно му одговори на Иван Павле II: Како ќе каже Папата?

Повеќе од 20 години беше гласноговорник на Ватикан, а посебно беше поврзан со свети Иван Павле II, кој го повика за директор на Канцеларијата за печат, давајќи му така на системот за комуникација на Светиот Престол неизбришлив печат. Јоакин Наваро Валс својата должност гласноговорник ја извршуваше и во првата година од понтификатот на папата Бенедикт XVI.

„Милост под притисок“ – така во пораката на твитер актуелниот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке, го опиша христијанското сведоштво на новинарот и гласноговорник Јоакин Наваро Валс. Елегантниот стил заедно со љубезноста и извонредната компетенција, се квалитетите кои колегите новинари, како и оние кои не се тоа, ги препознаваа во лекарот кој станал новинар, кој потоа е испратен во војна и на крајот – според волјата на папата Војтила – станува ватикански гласноговорник. „Како ќе каже Папата?“ – со задоволство повторуваше Наваро Валс, присетувајќи се на поканата на Папата од Полска. Секако револционерна одлука меѓу многуте одлуки на Иван Павле II; до тогаш ниту еден лаик не ја водел Канцеларијата за печат на Светиот Престол. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот