Почесниот папа Бенедикт XVI: Јас сум на ходочастие кон Дома

Почесниот папа Бенедикт XVI: Јас сум на ходочастие кон Дома

Почесниот папа Бенедикт XVI одговори на бројните читатели на италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, кои се распрашуваа за неговото здравје.

Писмото упатено до новинарот Масимо Франко, е доставено до редакцијата на спомнатиот весник на 6 февруари 2018 година, а е испратено од манастирот Mater Ecclesiae, сместен во Ватикан, во кој почесниот Папа се повлече од службата пред пет години.

Почитуван господине Франко – пишува Бенедикт XVI – ме трогна тоа што голем број читатели на Вашиот весник сакаат да знаат како го поминувам овој последен период од својот живот. Што се однесува до тоа, можам само да кажам дека со бавното слабеење на телесните сили, во својата внатрешност сум на ходочастие кон Дома. Голема милост е за мене на овој последен дел од патот, кој понекогаш е помалку напорен, да бидам опкружен со толку љубов и добрина какви што не можете да замислете. Во таа смисла и прашањето на Вашите читатели го сметам за придружба на еден дел од патот. Заради тоа – вели на крајот Бенедикт XVI – не можам да направам друго освен да се заблагодарам, гарантирајќи ја од своја страна молитвата за сите вас. Срдечен поздрав, Бенедикт XVI.

Тоа спомнување на „бавно слабеење на телесните сили“, е признанието дека „во својата внатрешност е на ходочастие кон Дома“, напишано со голема буква, и благодарноста на „бројните читатели“ кои и понатаму прашуваат за него, се малку одмерени зборови кои меѓутоа, пренесуваат голема длабочина – рече Масимо Франко коментирајќи го писмото на почесниот Папа. Новинарот го истакна и признанието на примерното однесување помеѓу него и папата Фрањо во текот на изминатите пет години. Тоа е соживот кој не е одреден со ниту еден закон, доверен само на особините на тие толку различни, двајца ликови и покрај истакнувањето, понекогаш помалку службено, континуитетот меѓу нивните понтификати.

Не можеше да се предвиди дека „двајцата Папи“ во Ватикан ќе успеат да ги задржат толку различните карактери, не наметнувајќи се или уште полошо, испраќајќи си пораки на поделби. Ако случајно постои некое несогласување, останало задржано меѓу нив – рече Франко и истакна дека тоа е знак на духовната сила и понизност која се претвора во уште нешто повеќе кога почесниот Папа, обраќајќи им се на оние кои и понатаму се интересираат за него, ги поздравува во семеен тон: „не можам да направам друго освен да се заблагодарам.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот