Во пораката испратена од кардиналот Паролин до надбискупот Мигел Кабрехос, претседател на Советот на бискупските конференции на Латинска Америка и Карибите, по повод 39. Редовно Генерално Собрание на Советот на бискупските конференции на земјите од Латинска Америка (CELAM), кое се одржува во Порторико, папата Фрањо ја охрабрува црквата во Латинска Америка и Карибите вдахновенијата на Светиот Дух да ги распознава со целиот свет народ Божји.
Молитва до Господ, Генералното собрание да донесе обилни плодови за ходочасничката Црква во Латинска Америка и Карибите, така што таа секогаш ќе биде подготвена да служи, посебно на сиромашните и маргинализираните, распознавајќи ги вдаховенијата на Светиот Дух и во синодалност со целиот свет Божји народ преку застапништвото на Блажена Дева Марија – истакнува папата Фрањо, во порака што во негово име ја испрати државниот секретар кардинал Пиетро Паролин до надбискупот Мигел Кабрехос, претседател на Советот на бискупските конференции на Латинска Америка и Карибите (CELAM), по повод 39. редовно Генерално собрание на Советот, кое се одржува во Порторико од 16 до 19 мај.
Папата благодари на бискупите, членови на Претседателството на советот, за пораката што му ја испратија по повод собранието, во која ја изразија својата братска љубов, ветувајќи дека ќе молат за него. На крајот, папата Фрањо им го подели својот апостолски благослов на учесниците на собирот, кој со задоволство го дава на оние на кои им е доверена пасторална грижа.
Процесот на обнова на CELAM започнат во 2019 година
Зборовите на Папата – посочуваат бискупите, членови на претседателството на Советот на бискупските конференции на земјите од Латинска Америка – несомнено се поттик за Црквата на тој континент, во време кога се одлучува за насоките што треба да се следат во следните години, во обид да се зајакне процесот на обновување и реструктуирање на советот, инициран на 37. редовното Генерално собрание, одржано во Хондурас во 2019 година. Исто така, во однос на синодалниот процес од 2021 до 2024 година, многумина гледаат вовед во еден од најважните моменти во животот на советот во последните години, по првиот црковен собир на Латинска Америка и Карибите, одржан во Мексико во ноември 2021 година, што го смета за практична вежба на синодалноста.
Ватикан њуз/к.мк