Пораката на Папата за Светскиот ден на младите 2015 година

„Блажени се чистите по срце, бидејќи тие ќе го видат Бога“, ова е темата на следниот Светски ден на млади кој во епархиите ќе се слави на Цветници и тоа како дел од патот кон меѓународната средба, коja треба да се одржи 2016 година во Краков. По тој повод Папата упати своја порака:

Во Христос е потполното остварување на сонот за среќа на секој човек. Ве повикувам да одите против струјата, пишува Папата, борејќи се против денешната култура на привременото, која не се доверува на вашата способност да сакате вистински. Тоа е пат кон Краков, пат на кој водич е Исусовиот говор на гората, а во кој девет пати се појавува зборот „блажени“, односно среќни, забележува папата Фрањо.

Меѓутоа, во историјата влегува гревот, и ја валка почетната чистота. Внатрешниот „компас“ кој ги водел луѓето во потрагата по среќа го губи своето упориште и се појавуваат тагата и маките. На човечката потрага Бог одговара праќајќи го својот Син кој отвора нови хоризонти. И така, драги млади, во Христа се наоѓа потполното остварување на вашите сништа за добрината и среќата. Само Тој може да ги задоволи вашите очекувања, кои често се изневерени од лажните световни ветувања, истакна Светиот Отец.

Папата потоа го објасни значењето на срцето, тој центар на чувства и мисли, како и на зборот „чист“,односно бистар, лишен од штетни материи. Станува збор од внатрешни нешта, а не надворешни, а се однесува најмногу на подрачјето на нашите односи. Светиот Отец потоа се осврна на „човечката екологија“, и објасни дека, ако за зачувување на создаденото е потребно здраво внимание, толку повеќе треба да ја чуваме чистотата на она најдрагоценото што го имаме: своето срце и своите односи, посебно на својот однос со Бог, чувството дека Бог нѐ сака и нѐ гледа.

Забележувајќи дека младоста е време во кое се развива длабока желба за вистинска, прекрасна, и голема љубов. Папата ги поттикна младите да не дозволат таа скапоцена вредност да биде искривена, уништена или извалкана, и да се побунат против тежнеењето за обезвреднување на љубовта, која ја сведува само на сексуален поглед, избегнувајќи ја така нејзината карактеристика на убавина, заедништво, верност и одговорност.

Барам да бидете бунтовници, да одите против струјата, пишува Светиот Отец. Да, што се однесува до тоа барам да се побуните против културата на привременоста која, на крајот не верува дека сте способни да ја преземете врз себе одговорноста, не верува дека сте способни да сакате вистински. Ви се доверувам и се молам за вас, истакнува папата Фрањо.

„Барајте го моето лице!“ повикува Господ. Но како? Папата Фрањо истакнува три патишта, а пред сѐ тоа е молитвата. Поради тоа ве прашувам: Дали молите? Знаете ли дека со Исус, со Отецот и со Светиот Дух, можете да разговарате така како што се разговара со пријател?, пишува Папата, а потоа ги истакна и другите два патишта: секојдневното читање на Евангелието и љубовта кон браќата, посебно кон оние заборавените.

На тој начин ќе биде можно да се препознае Неговата присутност во вашиот живот и Божјата промисла на љубов за секој човек. Испитувајте се чисти души и не плашете се од она што Бог го бара од вас! Почнувајќи од вашето „да“ на Божјиот повик ќе станете ново семе на надеж за Црквата и за општеството. Немојте да заборавите: Божјата волја е наша среќа!, истакна Светиот Отец.

Пораката, папата Фрањо ја завршува со зборови на благодарност кон свети Иван Павле II, кој пред 30 години во Црквата го основа Светскиот ден на млади.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот