Поради бронхитис активностите Папата ќе ги одржува од Домот Света Марта

Поради бронхитис активностите Папата ќе ги одржува од Домот Света Марта

Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти за здравствената состојба на папата Фрањо и објасни дека активностите на 7 и 8 февруари 2025 година ќе се одржуваат во резиденцијата на папата во Домот Света Марта

Папата Фрањо има бронхитис и затоа, за да продолжи со своите активности, во петок, 7 февруари и сабота, 8 февруари аудиенциите ќе ги одржува во Домот Света Марта. Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол преку соопштение за медиумите.

И во четврток утрото Папата одржа аудиенција во неговата резиденција во Домот Света Марта, наместо во Апостолската палата, при што најпрвин ги прими младите свештеници и монаси од Источните православни цркви, кои се во студиска посета на Рим, а потоа гинеколози и здравствени работници од провинциите во италијанскиот регион Калабрија.

Минатата среда, на Генералната аудиенција во салата Павле VI, катехезата на Папата ја прочита отец Пјерлуиџи Жироли, службеник на Државниот секретаријат, во која папата Фрањо упати апел за земјите кои страдаат од војна.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот