Помош од папата Фрањо за Хаити, Бангладеш и Виетнам. Преку Дикастеријата за целосен човечки развој, папата Фрањо испрати финансиска помош во различни делови на светот погодени од природни катастрофи и последиците од пандемијата.
По молитвата Ангел Господов во неделата, 15 август 2021 година, папата Фрањо упати конкретен знак на близина. Преку Дикастијата за целосен човечки развој, папата Фрањо одлучи да го испрати својот прв придонес за поддршка на населението погодено од земјотресот на Хаити, за кој локалните власти проценуваат дека однеле најмалку 2.200 животи, а повредени се повеќе од 12.000, а е предизвикана и огромна материјална штата. За да се надминат последиците од вонредната состојба, отежната од пандемијата Ковид – 19, Светиот Отец донира 200.000 евра.
Преку Апостолската нунцијатура, овие средства ќе бидат распределени помеѓу бискупиите кои најмногу настрадале од природната катастрофа. Ќе се користат за помош на жртвите од земјотресот. Придонесот на наследникот на Свети Петар е дел од помошта што ја организира целата Црква, вклучувајќи бискупски конференции и разни добротворни организации.
Покрај тоа, Светиот Отец одлучи да испрати финансиска помош (приближно 69.000 американски долари) за луѓето од Бангладеш погодени од циклонската бура Јаас, како и 100.000 евра за населението од Виетнам, погодено од социо-економските последици на пандемијата.
Ватикан њуз/к.мк