Божиќниот пост е време кога ја подготвуваме својата душа за доаѓањето на Христос во мало Дете. При тоа да не заборавиме дека нашата задача е барем уште една душа повеќе да го сретне Божиќ.
Во текот на Божиќниот пост многу се пишува за подготовката на срцето за Божиќ. Постојат разни идеи како и што да се моли, што да се прави. Да не заборавиме да ги спомнеме добрите дела. Сепак изгледа дека често забораваме дека еден од начините за длабоко живеење на Божиќниот пост е токму вршењето на дела на милосрдието. Токму тоа папата Фрањо се обидуваше да нѐ научи во годината што измина која беше посветена токму на милосрдието. Кога се спомнува милосрдие прва мисла се телесните дела на милосрдието. Но, постојат и духовни дела на милосрдието.
Не сме сите повикани на ист апостолат, ниту сите имаме исти дарови за ширење на Божјото царство. Можеби сѐ уште не е време некои дарови да ги користиме, а можеби со некои сѐ уште сме во пустина и чекаме доаѓање во оаза односно во времето на плодови… Можеби пак сме полни со идеи и можности и Бог преку нас ги допира другите души и ги привлекува кон себе… Како и да е, сигурно е дека Бог нѐ сака и љуби и дека исто и нием сме вредни „работници“ односно Негови деца и наследници на Неговото царство.
Помогни ѝ барем на една душа
Меѓутоа тоа што секој од нас може веќе од денес да го направи подобро и повеќе (за спасение на една душа) е да му помогне барем на еден човек во пресрет на овој Божиќ убаво да се исповеда. За почеток да ја вброиме оваа накана во своите молитви. Освен тоа да ги принесуваме своите секојдневни жртви и жртвички, малите откажувања и страдања барем една душа да се откаже од гревот во пресрет на овој Божиќ да се потопи во морето на Божјото милосрдие, во простувањето, љубовта и оздравувањето. А потоа можеби Господ ќе ни даде соодветна ситуација со некое свое сведоштво и зборови за охрабрување да поттикнеме на средба со Господ во светата Тајна Исповед.
Послободно ќе му служиме на Господ и ќе се користиме со своите дарови во уште поголема радост ако започнеме да размислуваме само за една душа на која можеби треба да ѝ помогнеме. Бидејќи приденосувајќи за вечно спасение само на една загубена овца донесуваме радост во целото Божјо Царство (Лк 15, 3)! Сега храбро да појдеме назад на работа затоа што загубената душа чека и плаче! (Бидејќи кој знае можеби по неа ќе бидеме испратени кај уште некоја загубена душа, па можеби уште кај една…)
Жена Врсна/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк