Политичкото делување да биде во служба на човекот

Политичкото делување да биде во служба на човекот

Политичкото делување мора навистина да биде во служба на човечката личност, на општото добро и почитувањето на создаденото – порача папата Фрањо во својата порака на Твитер која ја објави на 10 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Политичкото делување мора навистина да биде во служба на човечката личност, на општото добро и почитувањето на создаденото – порача папата Фрањо во својата порака на Твитер која ја објави на 10 декември 2017 година, по повод Меѓународниот ден на човековите права кој се одбележување на денот на прифаќањето на Универзалната декларација за човековите права.

Имено, 10 декември 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи „Универзалната декларација за човековите права како заедничко мерило за постигнувањето на сите народи и нации, за секој поединец и секое тело во општеството, имајќи ја ова Декларација постојано на ум, да се стреми со поучување и образование да промовира почитување на овие човекови права и слободи, за постепено со домашни и меѓународни мерки да се обезбеди нивно општо и делотворно признание и примена меѓу народите на државите членки и меѓу народите на подрачје под нивна јурисдикција.

Започнувајќи од основните права дека „секое човечко битие се раѓа слободно и еднакво со достоинство и права“ и дека „на секому му припаѓаат сите права и слободи утврдени во Декларацијата без разлика кој вид“ во тој документ на ООН се наоѓаат исто така основните економски, социјални и културни права, како и граѓански и политички права.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот