Во недела 11 јуни 2017 година група верници од парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово со благослов на парохот о. Зоран И. Стојанов, а под водство на парохискиот викар о. Трајче Ташев заминаа на поклонение. Најпрво верниците го посетија манастирот Свети Гаврил Лесновски, во близна на Злетово, а потоа и манастирот Свети Јоаким Осоговски крај Крива Паланка.
Патувањето беше исполнето со молитви, црковни песни и духовни разговори, а на враќање го посетија и комплексот Етно Село, кој се наоѓа помеѓу Крива Паланка и Куманово.
к.мк