Поклоничката статуа на Пресвета Богородица Фатимска за прв пат оди во три поранешни советски републики

Поклоничката статуа на Пресвета Богородица Фатимска за прв пат оди во три поранешни советски републики

Во септември и октомври поклоничката статуа на Пресвета Богородица Фатимска прв пат ќе патува во Ерменија, Грузија и Азербејџан.

Апостолскиот нунциј за Ерменија и Грузија надбискупот Хозе Бетенкурт рече во изјава за Ecclesia Agency дека „католиците на Кавказ се израдуваа на веста за посетата на ликот на Пресвета Богородица Фатимска на регионот.“

Истакнува дека оваа статуа ќе ја донесе пораката на „помирувањето и мирот“ кога ќе биде донесена во парохиите и заедниците во трите поранешни советски републики, пишува CNA.

Оваа иницијатива одговара на грижата на папата Фрањо кој во својот говор до дипломатскиот кор на 8 февруари рече дека „со посебно внимание“ ја следи моменталната ситуација во Јужен Кавказ, каде „неколку конфликти и понатаму тлеат.“

Светиот Отец тогаш укажа на овие конфликти „подгревање на стабилноста и сигурноста на целиот регион“. За потсетување треба да се спомне дека Ерменија и Азербејџан неодмна се судрија во спорниот регион Нагорно-Карагах.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот