Радио Марија во соработка со парохиите од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија од 10 до 13 Октомври 2019 година го организира второто поклонение во Меѓугорје, Босна и Херцеговина, на кое учество 50 верници од различни парохии. Поклонението го започнаа со Молебен до Пресвета Богородица кој го служеше служеше о. Гоце Костов во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица.
За време на престојот на ова поклоничко место, верниците имаа можност да го посетат местото Подбрдо, каде молеа света Бројаница, а на секоја постојка од Радосното таинство на светата Бројаница имаше краток духовен наговор, преку кој верниците беа поттикнати да размилуваат за својот духовен живот и однос со Бог. На ридот наречен Крижевац поклоницiте молеа Крстен пат кој исто така беше пропратен со духовни размислувања на секоја постојка од Крстниот пат, а меѓу постојките се молеше време светата Бројаница.
Во попладневните часови на програмата наменента за поклониците зедоа учество на светата Бројаница, светата Литургија и Обжавањето на светата Причест, а беше искористена и можноста за света Исповед
Ватикан њуз/к.мк