Погребот на папата Фрањо се пренесуваше на официјалната телевизија на Коптската православна црква

На барање на Тавадрос II, поглавар на Коптската православна црква, задушната свет Литургија за папата Фрањо ја емитува ME Sat Channel, официјалниот канал на Коптската православна црква, кој може да се гледа и во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Блискиот Исток, Африка и Европа.
Телевизијата на Коптската православна патријаршија, ME Sat Channel, официјалниот канал на Коптската православна црква, која емитува програма во Египет, но и во дијаспората, особено во Канада, САД и Австралија, на, 26 април, по желба на Тавадрос II, поглаварот на Коптската православна Црква, ја пренесуваше во живо задушната свет Литургија за папата Фрањо. Оваа телевизиска станица достигнува приближно 20 милиони корисници и го надминува бројот на коптски православни верници во светот. Ова е првпат каналот ME Sat да емитува католичка богослужба.
Ватикан њуз/к.мк