На погребната света Литургија за папата Фрањо на плоштадот Свети Петар присуствуваа 400.000 луѓе од целиот свет, меѓу кои и бројни шефови на држави и влади. Кардинал Ре: „Соочени со бесот на толку многу војни во последниве години, папата Фрањо неуморно го крена гласот, молејќи за мир. Тој силно нé потсети дека сите сме браќа“. По светата Литургија, долга поворка со ковчегот помина низ улиците на Рим кон базиликата Света Марија Велика.
Во сабота, на 26 април 2025 година, погребната света Литургија за папата Фрањо ја предводеше кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, воз аедништво со бројни кардинали, патријарси, надбискупи, бискупи и свештеници. На светата Литургија присуствуваа повеќе од 400.000 луѓе од целиот свет за да се простат од папата Фрањо. Меѓу нив имаше семејства, сиромашни, мигранти, млади луѓе и деца, амбасадори, шефови на држави и влади. На прославата присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова
Близина до последен момент
Во својата проповед, кардиналот Ре потсети на многу клучни моменти од понтификатот на папата Фрањо, кој и покрај физичките потешкотии остана близок со луѓето до последниот момент од својот живот: „Човековото постоење не завршува во гробот, туку продолжува во домот на Отецот – во животот на среќа кој не понзава залез“, рече кардиналот Ре.
По првичните поздрави и благодарност до сите присутни, како сведоштво за единството и посветеноста што ги имаа кон Папата, кардиналот потсети на последните моменти од животот на Папата, особено на оној што беше длабоко врежан во срцата на луѓето – благословот Урби и Орби и последната посета на плоштадот Свети Петар, обраќајќи се на присутните собрани на плоштад во неделата.
Пастир кој ги сака своите овци
Вдахновен од евангелскиот пасус во кој воскреснатиот Исус се среќава со Петар, кардиналот Ре истакна дека папата Фрањо, преку неговиот понтификат, исто така ја прифатил и верно ја извршил задачата што му ја доверил Господ: „Го следеше стапките на својот Господ, Добриот Пастир, кој ги сакаше своите овци до таа мера за нив да го положи својот живот. И тоа го нарпави силно и спокојни, близок на свеото стадот – Божјата Црква.
Тоа се гледаше и во изборот на името Фрањо, по примерот на свети Фрањо Асишки, рече кардиналот и особено го истакна пасторалното водство на Папата и близината со оние на кои им е најпотребна, особено оние кои беа отфрлени и маргинализирани: „Тој беше Папа меѓу народот, со отворено срце за сите“, истакна кардиналот и додаде: „полн со човечка топлина и длабо чувствителен на драматана денешницата, папата Фрањо вистински ги делеше тешкотиите, страдањата и надежите на нашето глобализирано време и целосно се предаде за да ги утеши и охрабри со пораките, кои директно и веднаш ги допираа срцата на луѓето“.
Милоста и радоста на евангелието
Деканот на Кардиналскиот колегиум го опиша Светиот Отец како пастир со харизма на прифаќање и слушање, мисионерски дух со кој ја евангелизираше и ја ширеше радоста на Евангелието, што е и насловот на неговиот прв апостолски поттик Evangelii gaudium. Тој се залагаше Црквата да биде дом за секого, како „теренска болница“ по битка, која треба да се грижи за денешните луѓе ранети од разни проблеми и страдања, како што се сиромашните, мигрантите, погодените од ужасите на војната… Меѓу бројните патувања на Папата, кардиналот ги истакна патувањата во Лампедуза и Лезбос, во Ирак, Мексико, Источна Азија и Океанија.
Кардиналот Ре потсети и на клучните зборови што го одбележаа неговиот понтификат: милост и радост на Евангелието. „Папата Фрањо отсекогаш го ставаше евангелието на милосрдието во центарот, постојано нагласувајќи дека Бог никогаш не се заморува да ни простува: Тој секогаш простува, без оглед на околностите на оној што бара прошка и го враќа на вистинскиот пат“, рече деканот на Кардиналскиот колегиум, потсетувајќи на извонредната јубилејна година на милосрдието која Папата ја прогласи во 2016 година.
Братство и грижа за заедничкиот дом
Главните теми за кои Папата исто така секогаш зборуваше беа човечкото братство (енциклика Fratelli tutti) и грижата за нашиот заеднички дом (енциклика Laudato si’), а проповедникот ја спомена и посветеноста на папата Фрањо за промовирање на мирот и дијалогот во светот: „Градете мостови, а не ѕидови“ – ова беше неговиот често повторуван повик. „Тој секогаш го поврзуваше служењето со верата, како наследник на апостол Петар, со служењето на човекот во сите негови димензии“, рече кардиналот Ре, нагласувајќи дека Папата верува дека „војната носи само смрт на луѓето, уништување домови, болници и училишта; таа секогаш го остава светот полош отколку што бил претходно; секогаш е болен и трагичен пораз за сите“.
На крајот од проповедта, кардиналот Ре ги повика сите присутни да продолжат да се молат за папата Фрањо, барајќи од него сега да се моли за нас од небото: „Драг папа Фрањо, сега бараме од тебе да се молиш за нас. Благослови ја Црквата, Рим и целиот свет од небото, како што тоа го направи минатата недела од ложата на оваа базилика, на последната прегратка со целиот Божји народ“ – рече на крајот кардинал Ре, а присутните одговорија со аплауз.
Завршни обреди
На крајот од погребната света Литургија и последното збогување со покојниот папа Фрањо на плоштадот Свети Петар, следеа завршните обреди за збогување, по што телото на папата Фрањо во процесија беше пренесено низ улиците на Рим, среде аплаузи, солзи и благодарност од насобраниот народ, за погреб во базиликата Света Марија Велика.