Поглаварот на МПЦ -ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка до бискупот Стојанов по повод пранзикот Велигден
По повод празникот Велигден поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, упати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, која ја пренесуваме во целост.
Ваша Превозвишеност,
Воскресението е нашата надеж, зашто од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос нѐ преведе.
Воскресението Христово е темелот на нашата вера и тоа е смислата на животот за сите кои со името Христово се именуваме. А верата што знае за љубов е силна само во заедништвото со Христа Воскреснатиот, преку кого станавме и вистински слободни и духовно силни.
Радоста од Празникот над празниците нека ни биде постојана радост!
Христос воскресе!
Архиепископ Охридски и Македонски
г.г. Стефан