Повик на Папата до верниците во пресрет на празникот Свети Јосиф

Повик на Папата до верниците во пресрет на празникот Свети Јосиф

Во среда 17 март 2021 година, папата Фрањо ги повика верниците да го следат примерот на Свети Јосиф во нивниот секојдневен живот.

Во своето обраќање до верниците на италијански јазик на крајот од редовната Генерална аудиенција во среда, Светиот Отец потсети дека празникот Свети Јосиф се слави задутре и ги повика „да бидат мудри како него и подготвени да се разбере и да се спроведе во дело Евангелието “. „Во животот, на работата, во семејство, во моменти на радост и болка, Свети Јосиф постојано го бараше и сакаше Господ, добивајќи пофалби во Светото Писмо како праведен и мудар човек. Молете му се секогаш, посебно во тешки моменти, кои можат да ве снајдат“, рече Папата.

На годинешниот празник Свети Јосиф, 19 март, започнува Годината на семејството Amoris laetitia.

Во Апостолското писмо Patris corde објавено на 8 декември минатата година, по повод 150. годишнината од прогласувањето на свршеникот на Марија за заштитник на Католичката црква, Папата прогласи посебна година на Свети Јосиф, која ќе трае до 8 декември оваа година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот