Грижата за семејството е одговорна и напорна задача на родители. Без разлика дали семејството има едно, три, десет или пак нема деца, заедничкиот живот е полн со предизвици. Потребно е многу љубов, трпение и жртва како би се сочувала брачната заедница.
Како христијани знаеме каква сила има молитвата. Таа првично ги менува нашите срца, ни дава сила да ги љубиме другите, да им простуваме, но и самите да бидеме подобри луѓе.
Заедничката молитва има дополнителна димензија која Црквата од почетокот ја препознава и препорачува. Освен молитвата, преку евхаристикото славење, кое се случува во заедницата, Црквата препорачува молитвата да биде во центарот на семејството, кое според зборовите на свети Иван Павле II е „Мала Црква“.
Во семејството начесто заедничката молитва можеме да ја сретнеме пред јадење, а кога семејството одлучува да одвои време во денот за подлога молитва, тогаш тоа обично е Светата Бројаница. Овие пет милости ги примаат семејствата кои молат заедно Света Бројаница.
- Оној кој секојдневно моли Света Бројаница никогаш нема да стане кривоверец (свети Људевит Монфортски)
- Семејството кое моли заедно, останува заедно ( патер Патрик Пејтон)
- Светата Бројаница е моќно оружје за прогонство на демоните и заштита од гревот (блажен Пиј )
- Кога луѓето сакат и молат Света Бројаница, откриваат дека Светата Бројаница ги менува на добро (свети Антониј Марија Кларет)
- Ако сакате мирот да надвладее во вашите домови, тогаш молете семејна Света Бројаница (свети Пиј X)
Лаудато/к.мк