Патријархот Вартоломеј: Сите безрезевно треба да се вакцинираат

Патријархот Вартоломеј: Сите безрезевно треба да се вакцинираат

Почесниот поглавар на светското православие, цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј I стравот од вакцинирање го оцени неразумен и апсурден, пренесува агенцијата Kathpress.

Во разговор за грчката телевизија „Мега“ патријархот Вартоломеј (81) повторно повика на вакцинирање против коронавирусот, истакнувајќи дека Црквата и религијата ја почитуваат науката. Предупреди дека е потполно апсрдно и нечесно заради страв од вакцинирањето да се одлучиш против тоа. Секој треба безрезервно да се вакцинира, порача патријархот.

Во пастирското писмо по повод почетокот на црковната година според јулијанскиот календар односно Времето на создавање, 1 септември патријархот Вартоломеј изрази надеж за престанокот на ширењето на псевдо-научни ставови за наводна опасност од вакцината против коронавирусот, пренесува порталот Ортодокс тајм.

Патријархот Вартоломеј од самите почетоци односно од пронаоѓањето на вакцината повикува на вакцинирање пред сѐ од одговорност кон ближниот. Често влегува и во полемики со внатре црковните противници на вакцинирањето и епидемиолошките мерки, секогаш поддржувајќи ги пропишаните безбедносни мерки и на црковно подрачје.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот