Патријархот Вартоломеј прими вакцина против коронавирусот

Патријархот Вартоломеј прими вакцина против коронавирусот

Патријархот Вартоломеј I. при неговото вакцинирање во клиника во Истанбул уште еднаш повика на вакцинација

Вселенскиот патријарх Вартоломеј I. Во четврток 28 јануари 2021 година се вакцинираше против коронавирус – известува порталот Катпрес. Вакцинацијата е извршена на универзитетска клиника во Истанбул. Патријархот Вартоломеј се заблагодари на медицинскиот персонал на клиниката за посветеноста и уште еднаш повика на вакцинација.

Патријархот веќе неколку пати повикуваше на учество во вакцинацијата против „Ковид-19“, а истовремено истакна дека тој самиот ќе се вакцинира. Сепак, вакцинацијата „не е прашање само на сопствените потреби, туку и на одговорност кон ближниот“ – рече патријархот Вартоломеј, кој постојано ги критикуваше негирачите на пандемијата и повика на строго почитување на сите потребни заштитни мерки, вклучително и црковниот сектор.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот