Патријархот Вартоломеј: Патот до единството може да потрае неколку години

Патријархот Вартоломеј: Патот до единството може да потрае неколку години

Цариградскиот патријарх изрази надеж дека пречките за единство меѓу христијаните може да се надминат за неколку години, и покрај илјадагодишната историја на поделби.

Духовниот водач на православието ги сподели своите размислувања за време на средбата во Истанбул со група ходочесници од Германското друштво за Светата Земја. Вартоломеј I изрази оптимистички поглед на иднината на меѓуверските односи, нагласувајќи ја важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање.

„Проблемите се таложени илјада години. Но се надеваме дека за неколку години ќе се решат“, нагласи патријархот. Тој истакна дека оваа надеж е особено актуелна во контекст на 1700-годишнината од Соборот во Никеја, кој ќе се одбележи во 2025 година.

Патријархот го привлече вниманието и на историските факти кои можат да придонесат за зближување на Црквите. Тој истакна дека се потврдува теоријата дека во 1054 година, која традиционално се смета за датум на поделбата меѓу православието и католицизмот, всушност немало формална поделба меѓу Рим и Константинопол.

„Имало повеќе напнатост која се интензивираше со текот на времето. Сепак, таа не била ненадминлива, нагласи Вартоломеј, зборувајќи за можноста за надминување на историските разлики.

Патријархот изрази длабока вера во Божјата Промисла во процесот на единство меѓу христијаните. „Сè е во рацете на Бога, кој ја подготви вистинска иднина на нашите Цркви“, нагласи тој, повикувајќи на трпение и надеж во процесот на зближување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот