Парох до министрантите: Еве зошто сте ни потребни

Парох до министрантите: Еве зошто сте ни потребни

Овој олтар кој го гледате е одраз на небесниот олтар. Ова чаша е знак на вечната прескапоцена Крв на Јагнето. Овој агнец/хостија, овде на земјата е знак на Вечниот небесен Леб. Свештеникот е икона на Христос Господ – а кои сте вие? Вие го преставувате, и на земјата го одржувате, небесното мноштво.

Дечки, пред да преминеме на деталите, сакам да знаете зошто воопшто имаме министранти. Потребни ли ни сте на ѓаконите и на мене за да ни го донесете лебот, водата и виното до олтарот? Не, тоа можеме и сами да го направиме. Потребни ли ни сте за да ги носите свеќите и крстот и да ја држите книгата? Баш и не. Свештеникот треба да ги испружи рацете во молитва, па не може да ја држи книгата, но ние можеме едноставно да ја ставиме на олтарот. Потребни ли ни сте за да ѕвонете со ѕвоното и да ги свртувате страниците и да ни ги миете рацете? Не. Сето тоа го можеме и без вас.

Всушност не сте овде за да бидете корисни. Овде сте да ни помогнете да го водиме славењето. Сѐ додека тоа го разбирате, сето друго што ве учиме ќе си дојде на свое место. Сите ние заедно, а не само свештниците и ѓаконите, работиме во славењето, луѓето да ги доведеме до Бог. Јас не се потпирам на вас само за да ги направите сите оние горенаведени работи. Се потпирам на вас за нешто многу поголемо, поблагородно, поубаво и вистинито.

Нашето славење на земјата е одраз на славењето на небесата. Она што го правиме во текот на светата литургиска жртва е еден вид далечно ехо на она што се случува во Рајот. Овде Јагнето Божјо се дава во една безвременска и вечна жртва. Овде светците и ангелите слават околу престолот на Јагнето. Во тој град нема сонце, месечина или ѕвезди, бидејќи само Јагнето е светлото во тој град. Овој олтар, кој овде го гледате на земјата, е знак на Вечниот небесен Леб. Свештеникот е икона Христос Господ – а кои сте вие? Вие претставувате, и на земјата го одржувате, небесното мноштво.

Така е. Сакам да ги претставувате светците и ангелите.

Затоа, ако е можно на светата Литургија да имаме деца кои служат, бидејќи децата на нас возрасните нè потсетуваа на она што Исус го рекол: „Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството небесно.“ Со самото тоа што сте деца, нè потсетувате на тоа какви ние мораме да бидеме за да бидеме како светците и ангелите.

Со оглед на тоа што го претставувате небесното мноштво светци и ангели, сакам да се однесувате во согласност со тоа. Секако, знам дека сè уште не сте светци и знам дека не сте ангели. Се карате со своите браќа и сестри. Некои од вас се насилници, а некои се кукавици. Лажете, мамите и имате лоши мисли. Не сте послушни на родителите. Себични сте и нељубезни. Сепак, вие имате улога во Божествената Литургија, бидејќи и покрај сето тоа, повикани сте да одржувате нешто поголемо. Од она што не сте, повикани сте да станете она што можете и треба да станете. Ако помислата на она што го очекувам од вас, погодува чувство на стравопочит, замислете како се чувствувам јас. Јас сум грешник, како и вие, а повикан сум на луѓето да им го претставувам самиот Христос.

Со оглед на тоа дека сето тоа е вистина, еве што ќе направиме. Пред сè, кога ќе дојдеме во црквата веднаш ќе ја облечеме албата. Таа е вашата работна облека. Ќе служиме во Господовиот храм носејќи алба и ќе бидете како момчето Самуел кој во Божјиот храм служел со едноставност и добрина. Кога ќе влезете во Господовиот дом, правете го тоа со едноставна формалност. Не мора да бидете мрачно сериозни, но немојте да бидете блесави и комични. Занимавајте се со својата работа, имајќи на ум дека сте во Божјиот дом, сериозно место за сериозна работа. Додека ги палете свеќите, ги поставувате книгите и се подготвувате за светата Литургија, сетете се дека луѓето во клупите ве гледаат. Вашата почит, грижата и љубовта за она што го работите, за нив ќе биде видливо и ќе им помогне во молитвата.

Пред почетокот на светата Литургија, вратете се со мене и ѓаконите во сакристијата. Таму ние ќе ги облечеме нашите одежди. Потоа ќе ги запалиме свеќите, ќе ја подготвиме кадилницата, ќе ги заземеме нашите места и ќе го почекаме почетокот на Литургијата.

Додека во процесија влегувате во црквата, сетете се дека го предводите Божјиот народ во Божјото присуство. Нашата мала процесија го доловува споменот на процесијата на царот Давид и свештениците кога влегувале во светиот град Ерусалим. Крстот ќе биде високо воздигнат и вие ќе одите достоинствено, бидејќи сите нас нè водите во присуството на Царот на царевите и Господарот на господарите. Знајте каде одите и кон тоа место движете се со шармот на детето и достоинството на принцот. Каде вие одите ние вас ве следиме.

Додека седете во светилиштето, сетете се дека делата зборуваат погласно од зборовите. Можеби немате многу задачи, но дали знаете дека и оние кои само стојат и чекаат исто така вршат служба? Со самото свое присуство, почит и внимателно слушање на Божјото Слово, вие ќе помогнете да се води славењето и да ги охрабрете оние кои ве гледаат. Кога имате задача, извршете ја со едноставност и самодоверба, како што им личи  на слугите на Царот. Немојте да заборавите, ако сте лоши и лежерни во своето однесување и став, тоа ќе биде видливо. На луѓето ќе им го одвлечете вниманието од Христа. Вие, па ниту јас како свештеник не сме главни ликови на светата Литургија и вниманието не би требало да биде насочено на вас.

Сетете се дека, она што го работиме на светата Литургија е најважната работа во нашите животи. Сето друго доаѓа после тоа. Барајте го најнапред Царството Божјо и сè друго ќе ви се додаде. Овде на светата Литургија гледате дека убавината, вистината и љубовта се трите најважни богатства на земјата, а не можете да ги купите. Она што го работите кога служете во текот на светата Литургија не е корисна работа. Нема плата. Нема награда – освен наградата да знаете дека вашето срце е со Бог и дека сте поминале еден час време на прагот на Рајот. Ако тоа го научете, во текот на својот живот, без разлика на тоа што ќе се случи, ќе бидете богато благословени.

Битно.нет/к.мк

Таг: Благородна служба

Клучни зборови:

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот