Парохискиот Каритас при парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 4 јануари 2019 година ги предаде собраните алишта на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија.
Донацијата беше прифатена со голема радост од страна на вработените на заводот, истакнувајќи за постојаната потреба на оваа институција од донации, но и гестови за солидраност и близина од граѓани и организации.
Акцијата на Парихискиот Каритас во Богданци за собирање на облека продолжува и во наредните месеци, а се со цел да им се помогне на оние кои се во потреба.
к.мк