Папа на децата од Католичка акција: Исус ве повикува да бидете мали мостови помеѓу небото и земјата
Папа Фрањо ги прими на аудиенција детскиот огранок на италијанската Католичка акција (ACRA) по повод 50-годишнината од нејзиното основање и ги покани да ги набљудуваат Марија и Јосиф за да научат како да го примат Исус
Ви се заблагодараувам на вашата посета, на честитките и пред сè на молитвата. Од срце ви ги возвраќам со надеж дека Спасителот ќе ја даде полнотата на радост која денес ја гледам на вашето лице – рече папата Фрањо примајќи ги на аудиенција членовите на детскиот огранок на италијанската Католичка акција. Основана 1969 година и посветена на деца од 3 до 14 години, таа гранка на Католичката акција има за цел вреднување на улогата на децата во црквата, како и вреднување на нивниот повик, аспект кој што Папата посебно го нагласува.
Како пастир да го бараме детето Исус
Вашиот воспитен програм ви го одредува патот кој ви помага да станете свесни за своето послание на ученик – мисионер – рече Светиот Отец и додаде: Мило ми е што сте ја доживеале сјајната средба под назив „Деца на синода“. Интересно ќе биде да се слушне што произлезе од таа средба, вашите забелешки и предлози. Освен тоа, Папата на децата, им даде задача за Божиќ да се соберат заедно на молитва, и како пастирите, со исто чудење да го побараат Детето Исус кој дојде на свет да ја донесе Божјата љубов која сето го прави ново.
Да се прими Исус како Марија и Јосиф
Исус со своето раѓање стана мост помеѓу Бог и луѓето и ги помири небото и земјата – рече папата Фрањо и поттикна: Денес од вас барам да бидете мали мостови таму каде што живеете. Веќе сега сте свесни дека секогаш постои потреба за градење на мостови, дали е така? Што е подобро? Да се градат мостови или ѕидови – праша Светиот Отец и на крајот на децата им препорача да ги набљудуваат Марија и Јосиф за да можат да научат како да го живеат Божиќ.
Ја молам Марија, Мајката на Исус и нашата Мајка, да ве прати на вашиот пат. Ви препорачувам од неа да научите што значи Божиќ. Таа и свети Јосиф навистина можат да нè научат како да се прифати Исус и како да се почитува и наследува од ден на ден – заклучи папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк