Папа Лав XIV: Народите жеднеат за мир – насилството на оружјето нека биде заменето со дијалог

Папа Лав XIV: Народите жеднеат за мир – насилството на оружјето нека биде заменето со дијалог

По завршувањето на молитвата Ангел Господов, во недела 6 јули 2025 година, Папата упати апел до светските водачи да го послушаат крикот на оние што се погодени од војната. Изрази сочувство и повика на молитва, особено за децата, жртви на поплавата во летниот камп „Камп Мистик“ во Тексас.

„Сите народи жеднеат за мир.“

Со овие зборови и апел, Папа Лав XIV, по пладневната молитва Ангел Господов, јасно се обрати: моќниците нека се заложат за запирање на војните.

„Мирот е желба на сите народи, а крикот на оние што се измачени од војната е болен. Да молиме од Господ да ги допре срцата и да ги просветли умовите на оние што управуваат и насилството на оружјето да го заменат со барање на дијалог.“

Жалост поради жртвите во летниот камп „Камп Мистик“

Обраќајќи им се претходно на верниците на англиски јазик, Папата изрази искрено сочувство до сите семејства кои ги изгубиле своите најблиски, особено ќерките кои се наоѓале во летниот камп во моментот на катастрофата предизвикана од поплавата на реката Гвадалупе во Тексас. Потоа ги повика сите на молитва за нив.

На крајот, Папа Лав XIV потсети дека попладнево ќе отпатува во Кастел Гандолфо, каде што ќе остане на краток одмор, и ја заврши пораката со желба сите да го искористат времето на одмор за обновување на телото и духот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот