Папа Лав XIV: „Да ја обновиме нашата побожност кон Марија“

Папа Лав XIV: „Да ја обновиме нашата побожност кон Марија“

Во базиликата Света Марија Велика, папата Лав XIV ја почитува иконата на Марија Salus Populi Romani, се помоли пред гробот на папата Фрањо и ги поттикна христијаните да растат во побожноста кон Марија.

Откако служеше света Литургија во базиликата „Свети Иван Латерански“, папата Лав XIV ја посети базиликата „Света Марија Велика“. Таму во капелата Паулина се помоли пред иконата Salus Populi Romani (Спасение на римскиот народ), икона пред која многу Папи, вклучувајќи го и папата Фрањо, ги довериле најважните накани на Црквата.

Откако постави цвеќе на древната маријанска икона и го испеа „Магнификат“, Папата потоа застана да се помоли пред гробот на својот претходник, папата Фрањо, кој е погребан во истата базилика.

„Ви благодарам што сте тука!“

Пред да се врати во Ватикан, Светиот Отец излезе на балконот од базиликата за да ги поздрави верниците собрани надвор. Најпрво им го упати својот мир на сите, а потоа искажа благодарност за нивното присуство.

„Ви благодарам што сте тука! Ви благодарам што дојдовте во оваа базилика ова попладне, оваа вечер, додека ние, членовите на Римската епархија, го поздравуваме присуството на нејзиниот нов епископ. Навистина сум среќен што ве гледам сите тука и ви благодарам од дното на моето срце.“

Повик за обнова на побожноста кон Марија

Но, папата Лав не запре тука. Тој продолжи благодарејќи им на „сите оние кои служат во оваа базилика, на двајцата кардинали кои се тука со мене денес и на многуте други кои верно ни помагаат да го живееме нашиот живот исполнет со молитва и побожност“.

Папата ја нагласи важноста на односот со Мајката Божја. Тој рече: „Ова е прекрасен момент да ја обновиме нашата побожност кон Марија, кон иконата Salus Populi Romani, која ги придружуваше луѓето од Рим низ толку многу нивни искушенија“.

„Да го молиме Бога, преку застапништвото на Неговата Мајка, да ве благослови сите вас – вашите семејства, вашите најблиски – и да ни помогне да одиме заедно со Црквата, обединети како едно Божјо семејство“, рече тој.

Потоа папата Лав ги повика верниците да се помолат „Радувај се Маријо“ и пред да го упати својот апостолски благослов, завршувајќи, им посака на сите добра вечер и уште еднаш им се заблагодари „од дното на своето срце – Бог да ве благослови!“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот