Папата: Ќе бидеме добри учители ако останеме ученици, повикани да служиме радосно секој ден
Папата Фрањо во сабота 14 мај 2022 година во аудиенција ги прими монахињите на Папскиот институт на Побожните учителки Филипинки (Сестрите на Света Луција Филипини), како и верниците од бискупијата Витербо и Цивитавекија-Тарквинија заедно со локалните бискупи и власти. Не сме ние тие кои траб да го ставиме Исус во центарот, туку да се оддалечиме од центарот кој му припаѓа на Него, е забелешката на Светиот Отец, кој поттикна на постојана доверба во Бога.
Да се живее за служење, не затоврајќи се во сакристијата, не препуштајќи се на резигнација и носталгија, не паѓајќи во лажното тврдење на многу посветени лица дека во центарот го ставиле Исус. Напротив, мора да се оддалечиме од центарот што му припаѓа. Ова се упатства за практичен и духовен живот дадени од Папата во своето обраќање до Филипинските сестри, како и до верниците од бискупиите Витербо и Цивитавекија-Тарквинија.
Папата се обрати и до верниците кои особено ја почитуваат сестра Луција Филипини. „Тајната“ на таа светица беше живот со постојана доверба во Бога, бидејќи како што рече, Тој не може да престане да биде Отец. Често се грижиме во животот затоа што мораме да оставиме многу работи: одредена сигурност, години младост, малку здравје, можеби најблиските…
Па, ако има луѓе во животот и работи кои треба да ги оставиме порано или подоцна, постои присуство кое никогаш нема да нѐ напушти, основната сигурност која секогаш ќе не следи и која ништо и никој никогаш не може да ја избрише: Бог не може да престане да биде мој Отец, потсети Папата, повикувајќи ги присутните заедно да ја изговорат оваа мисла. Носете ја таа мисла во своето срце, поттикна Светиот Отец и рече: може сите да не изневерат, но не и нежноста Божја. Секогаш да се сеќаваме на ова, особено во мрачните моменти: Бог никогаш не нè остава, затоа што не може да престане да биде Отец.
Ватикан њуз/к.мк