Папата: Љубовта дава смисла на заповедите

Папата: Љубовта дава смисла на заповедите

Папата Фрањо во својата пладневна проповед објасни дека верските заповеди се корисни и добри, но дека за да се исполнат потребно е да се оди подалеку од буквите. Да се чувствуваме добро затоа што не сме убиле, украле или повредиле некого, значи да се задоволиме со минимумот, додека Исус, напротив, нè поттикнува да правиме што е можно повеќе и да сакаме неизмерно како што Тој сакал

Да се исполни Законот и Пророците; Исус вели дека затоа дошол, ни зборува Евангелието од неделната Литургија. Папата Фрањо ги објасни овие зборови во своето пладневнo обраќање пред Молитвата Ангел Господов на 12 февруари 2023 година, објаснувајќи дека она што Христос сака да сфатиме е дека верските заповеди се корисни, добри, но за да се исполнат потребно е да се оди подалеку од буквite и да се живее нивната смисла. Затоа, ако Светото Писмо вели „не убивај“, ya Исус не е доволно ако браќата потоа се повредуваат со зборови; а прељубата се прави и кога љубовта е извалкана со лицемерие и лаги.

Заповедите што ни ги дава Бог не треба да бидат затворени во неподвижни сефови на формално исполнување, инаку остануваме во надворешна, посебна религиозност, слуги на „богот господар“, а не деца на Бог Отецот. Исус го сака токму тоа, да не се чувствуваме како да му служиме на Бог господар, туку на Отецот, а за тоа треба да одиме повеќе од буквите.

Бог го прави првиот чекор кон нас

Исус дава поконкретен пример зборувајќи за обредот на принесување жртва на Бога за да се возврати на бесплатните неговите дарови; тоа беше многу важен обред, толку важен што беше забрането да се прекинува освен поради сериозни причини – додаде Папата. Но, Исус вели дека мора да го прекинеме ако некој брат има нешто против нас, прво треба да појдеме и да се помириме со него.

Бог нè љуби прв, слободно, правејќи го првиот чекор кон нас, без да го заслужиме тоа; затоа, не можеме да ја славиме неговата љубов без да го направиме првиот чекор кон помирување со оние кои нè повредиле. Така, во Божјите очи доаѓа до исполнување, инаку надворешната, чисто ритуално извршување е бескорисно.

Не задоволувајте се со минимумот, туку направете го максимумот

И денес се чувствуваме спокојни ако не сме убиле, украле или повредиле, но тоа – истакна Римскиот епископ – е формално почитување, кое се задоволува со минимално неопходното. Напротив, Исус нè повикува да направиме што е можно повеќе.

Бог не расудува врз основа на пресметки и табели. Тој нè сака како оној кој е вљубен: не најмалку, туку најмногу! Не ни вели: „Те сакам до некаде“. Не, вистинската љубов никогаш не е до одредена точка и никогаш не се чувствува доволна; љубовта оди понатаму, не може поинаку.

Љубовта еден кон друг го исполнува Законот, верата и животот

Бог ни ја покажа својата голема љубов давајќи го својот живот на крстот и простувајќи им на своите убијци. И ни ја довери заповедта што му е најдрага: да се сакаме еден со друг како што Тој нè љуби нас. Ова – истакна Папата – е љубов која ги исполнува Законот, верата и животот!

Вера која не е составена само од формализми

Затоа Светиот Отец поттикна испит на совеста за тоа како се живее верата, дали се работи за обични формализми или за историјата на љубовта кон Бога, дали сме задоволни со тоа што не правиме зло, дека мојата „надворешност“ е добра или се трудам да растам во љубов кон Бога и кон другите.

Можеби сме немилосрдни во осудувањето на другите и забораваме да бидеме милосрдни, како што Бог е милостив со нас – рече папата Фрањо и на крајот ја повика Марија, која совршено го одржа Божјото слово, да ни помогне да ја достигнеме полнотата на нашата вера и нашата љубов.

к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот