Папата Фрањо ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар на Бадник, на 24 декември, пред Божиќната света Литругија, со што започна Јубилејната 2025 година.
На отворањето на Светата врата му претходеа читање од Стариот и Новиот завет, пеење на антифони и дел од Евангелието по Иван во кој се истакнува делот во кој Исус вели: „Јас сум вратата“. Кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси: ќе влезе и ќе излезе и ќе најде пасиште“.
„О Христе, светла ѕвезда утринска, овоплотена бескрајна љубов, долгоочекуваното спасение, единствената надеж на светот, осветли ги нашите срца со својата сјајна светлина“, се молеше Папата во обредот за време на отворањето на Светата врата, по што тој самиот остана во кратка молитва во тишина веднаш пред прагот.
Потоа папата Фрањо прв влезе во базиликата, а потоа 54 верници од 5 континенти, кои сакаат да ја испратат пораката за универзалноста на спасението, но и на Црквата. По нив, на процесијата која влегуваше се приклучија присутните кардинали, бискупи, свештеници и претставници на други христијански цркви, при што понтификалниот хор ја пееше јубилејната химна „Ходочесници на надежта“.
Папата на празникот Свети Стефан ќе ги отвори Светите врати во римскиот затвор Ребибија, по што ќе бидат отворени вратите во преостанатите три големи базилики; базиликата Свети Иван Латерански на 29 декември, базиликата Света Марија Велика на 1 јануари и базиликата Свети Павле надвор од ѕидините на 5 јануари.
Во недела, на 29 декември 2024 година, во сите помесни катедрали и конкатедрали епископите ќе слават Евхаристија во знак на свеченото отворање на Јубилејната година.
Јубилејната година ќе трае до празникот Богојавление Водици во 2026 година.
Ика/к.мк