Пред да замине од Кастел Гандолфо, во вторник верчерта 22 јули 2025 година, Светиот Отец Лав XIV накратко се задржа во разговор со група новинари, одговарајќи на неколку прашања поврзани со тековните меѓународни прашања.
„Потребно е да ги охрабриме сите да се откажат од оружјето и од профитот што стои зад секоја војна.“
Со овие зборови, Папата им се обрати на новинарите при заминувањето од својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, каде што престојуваше 16 дена, пред да се врати во Ватикан. Светиот Отец, кој се врати во Апостолската палата кратко пред 21:00 часот, одговори на кратки прашања поставени од новинарите кои го придружуваа неговото заминување.
На прашањето за евентуално патување во подрачја погодени од воени конфликти, како што е Појасот Газа, Папата Лав изјави дека има многу места на кои лично би сакал да оди, но тоа не претставува секогаш начин за наоѓање соодветен одговор.
„Во услови на трговија со оружје, човекот често се претвора во средство без вредност,“ подвлече Папата, додавајќи дека треба постојано да се афирмира достоинството на секое човечко битие – христијанин, муслиман, или припадник на која било вера. „Сите сме деца Божји, создадени според Божјиот образ,“ додаде Светиот Отец. „Затоа, ќе продолжиме со овој напор.“
За времето поминато во Кастел Гандолфо, Папата рече дека му било од голема корист. „Успеав да ја сменам околината,“ изјави тој, „но тоа беше работен одмор и постојано ги следев актуелните случувања.“
„Му благодарам на Бога што гласот на Црквата сè уште има тежина,“ заклучи Папата Лав. „Да продолжиме да го промовираме мирот.“
Ватикан њуз/к.мк