Папата Фрањо на 8 декември попладнето во приватна посета се сретна со браќата ис естрите од заедницата Џенаколо од Братството на Милостивиот Самарјанин во Рим и од другите братства присутни низ Италија, изјави директорот на Канцеларијата за печат на Светата Престол, Матео Бруни.
Откако го погледнаа филмот за животот на свети Јосиф, снимен од млади луѓе од две братства од Меѓугорје и слушајќи ги сведоштвата на неколку членови, Папата се заблагодари на Заедницата Џенаколо и ги охрабри младите на нивниот пат со зборовите: „Не плашете се од реалноста, од вистината, од нашата беда. Не плашете се затоа што Исус ја сака реалноста таква каква што е, без шминка; Господ не сака кога луѓето ја шминкаат душата, ги шминкаат срцата. Светиот Отец при тоа упати повик: „Помогнете им на мноштвото млади луѓе кои се во ситуации како вашата“. На крајот, Папата ги охрабри младите да имаат храброст да кажат „Мислам дека постои подобар начин“.
Светиот Отец исто така ја благослови и капелата изградена од самите членови на братството, со фрлени материјали, кои ги употррбија во изградбата во знак на обновување на сечиј живот во заедницата Џенаколо. Потоа со сите присутни ја молеше молитвата посветена до свети Јосиф од Апостолското писмо Patris Corde, доверувајќи го светот и Црквата на негова заштита и со тоа ја затвори годината посветена на тој светител.
Според соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Светиот Отец се вратил во Ватикан во 18.20 часот.
Ватикан њуз/к.мк