Папата Фрањо испрати Твитер порака по повод Меѓународниот ден на домородните народи во светот, кој се одбележува на 9 август.
„Колку е драгоцено тоа длабоко вистинско чувство за семејство и заедница кај домородните народи! И колку е важно правилно да се негува врската помеѓу младите и старите и да се одржи здрава и хармонична врска со целото создание!“
Со овие зборови папата Фрањо ги упати на Твите во среда 9 август 2022 година кога светот го одбележува Меѓународниот ден на домородните народи во светот. Денот, кој се одбележува на 9 август секоја година, беше основан од Обединетите нации во 1994 година за да се подигне свеста и да се заштитат правата на домородното население во светот.