Папата: Црквата е универзална, а не еднолична

Папата: Црквата е универзална, а не еднолична

Во видео порака што ја испрати до членовите на Сојузот на азиските бискупски конференции, по повод нивната средба во Бангкок, Тајланд, од 12 до 30 октомври, Папата ги охрабри да согледат што им кажува Светиот Дух и да одржуваат братство и близина со сиромашните и младите.

Сеќавајќи се на азиската младина од 70-тите години на минатиот век, кои тогаш беа идеалисти, свесни, загрижени, нетрпеливи и немирни; како и денешните лаици кои треба да го преземат своето крштевање, нивната функција како лаици, почитувајќи ја посебноста на секоја Црква, папата Фрањо преку видео порака ги поздрави околу 200 учесници на состанокот на Сојузот на азиските бискупски конференции , што се одржува во Бангкок од 12 до 30 октомври. Ваквите средби на азиските епископи започнаа во 1970 година и токму во таа година, потсети Папата, свети Павле VI. го посети тој голем континент, запознавајќи маси луѓе. Повеќето од нив беа млади, а Азија беше позната како дом на различни култури и религии – додаде Папата.

Црква на сиромашните и младите

Овие маси луѓе – рече Светиот Отец во видео пораката – се будеа од фатализам во живот достоен за човекот. И младите се будеа; културно различни општества се будеа за да станат вистинска заедница на народи. Ова значеше дека Црквата во Азија беше повикана да биде на поавтентичен начин Црква на сиромашните, Црква на младите и Црква во дијалог со другите азиски вероисповеди.

Братство и размена на идеи

Истакнувајќи дека ја следи средбата во Бангкок, Папата рече дека станува збор за дело на братство и размената на идеи. Важно е регионалните конференции да се состануваат често, бидејќи така Црквата се обликува и зајакнува во одење. Основното прашање е: Што зборува Духот на Црквите во Азија? Треба да одговорите на тоа прашање – рече римскиот епископ.

Охрабрување за лаиците

Лаиците, пак преку крштението, треба да ја преземат својата функција во Црквата, секогаш почитувајќи ги посебните карактеристики. Бидејќи општата Црква не е еднолична Црква, таа е универзална, почитувајќи ја посебноста на секоја Црква – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот