Примајќи ги во аудиенција семинаристите од надбискупијата Агриџенто на 24 нември 2008 година, Папата истакна неколку зборови клучни за иднината на свештеникот, и дека е важно да се отстранат сите маски и да се биде вистинскиот пред Бог.
Вистина кон самите себе и кон Бог – е мислата која Папата повеќе пати ја повтори во говорот, напишан и предаден на семинаристите од надбискупијата Агриџенто, на Сицилија кои на аудиенцијата ги придружуваше нивниот надбискуп кардиналот Франческо Монтенегро.
Како учениците од Емаус
Папата Фрањо упати на четири клучни зборови, вдахновни од библиската сцена за учениците од Емаус и потсетувајќи на неодамна завршената Синода за млади. Го спомна патот на кој сите сме повикани, осветлен со единственото светло, а тоа е Господ. Воскреснатиот Исус нè среќава на патот кој всушност е реалност која секој е повикан да ја живее; освен тоа тој е и внатрешен пат, пат на верата и надежта на кој има светли и мрачни моменти. На тој пат Господ нè среќава, нè слуша и ни зборува – напиша Папата.
Без маски
Вистината која ја истакнува Папата треба да се бара во слушање на Словото Божјо, во постојаниот и взаемен дијалог со Исус. Он ме слуша мене и јас го слушам Него. Нема глума. Нема никакви маски – рече Папата. Тоа слушање на срцето во молитвата нè учи да бидеме способни да ги слушаме другите; нè учи да станеме – ако Бог сака – свештеници кои ја нудат услугата слушање која е – истакна – многу потребна; и нè учи да бидеме сѐ повеќе Црква која слуша, заедница која знае да слуша. Црквата е испратена во светот за да го слуша крикот на човештвото кој често е тивок, а понекогаш и потиснат, загушен – додаде папата Фрањо.
Семинарија – место за расудување
Исус ги придружува учениците од Емаус, извлекувајќи ја од нив надежта и разочарувањето, но – потсети Папата – Он не е само добар пријател, туку и добар лекар кој понекогаш мора да употреби скалпер. Важно е да се научи да се расудува, а семинаријата е токму местото за тоа, но потребна е придружба.
Големиот број проблеми со кои свештеникот се среќава во животот се појавуваат заради недостатокот на расудување во годините поминати во семинаријата. Не сите проблеми и не секогаш, но многу од нив – рече Папата и додаде: Нормално истото важи и за бракот. Ако некои работи не се разгледаат порано, подоцна можат да се претворат во проблеми. Тајната на звањето и расудувањето е уметничко дело на Светиот Дух кој бара соработка од повиканото момче и од возрасните кои го придружуваат.
Не бидете индивидуални мисионери
„Посланието“ е последниот збор кој папата Фрањо го истакна во говорот до семинаристите, потсетувајќи ги на синодалната димензија, на заедничкото одење во пресрет на другите. Никогаш не попуштајте на искушението да бидете одлучни индивидуални мисионери, туку работете во заедништво за да ве обликува Светиот Дух. Премногу често нашето организирање е индивидуално, наместо колегијално, братско.
Заедницата на свештниците и епископскиот пасторал можеби така покажуваат прекрасни поединци, но даваат слаби сведоштва за заедништвото, колегијалноста. Му благодариме на Бог во тоа помалку се расте исто така заради недостатокот на клер, но заедништвото не се воспоставува со присила; напротив треба да се верува во заедништвото и да се биде попустлив на Светиот Дух – истакна Папата.
Ватикан њуз/к.мк